Energetix Macedonia - магнетен накит, магнетна терапија

image image image image
Февруарски попуст Нов голем февруарски попуст само за вас и овој месец. Искористете го овој голем февруарски попуст и набавете ги вашите омилени производи од нашата програма по најповолни цени и најголеми попусти до сега. Листата на сите производи кои се на попуст овој месец можете да ги погледнете во најновиот број на нашиот весник за месец февруари тука.
Каталог 2012 Најновиот каталог со најновите производи на Energetix - Македонија за 2012 година официјално промовиран во хотел Премиер - Битола. Оваа година Energetix има ново заштитно име а тоа е познатиот актер Kevin Costner каде и што беше снимен и овој каталог. Можете да го снимите како pdf фајл од нашата страна на следниот линк.
Магнетизирана вода Секоја изворска вода е жива вода, таа е природно магнетизирана и затоа изворската вода е поубава, повкусна за пиење. Но после неколку денови седење на водата во шише таа го губи тоа својство и станува иста онаква како водата од чешма. Со промешување на водата со помош на Магнетното стапче таа повторно се магнетизира и станува енергетски жива вода...  Повеќе на следниот линк
Можност за заработувачка ENERGETIX систем на провизии  со МАРКЕТИНГ ПЛАНОТ Ви нудат можност на извонредна заработувачка во многу краток рок. ENERGETIX системот на провизии е креиран така да Ве мотивира и за лична продажба и градење на  сопствена структура. За повеќе детали и начините на зачленување и маркетинг планот можете да прочитате во нашиот маркетинг план. Повеќе детали можете да прочитате на следниот линк.

 Магнетна терапијаМагнетизмот постои уште од времето на настанување на земјата, односно тој е толку стар колку што постои и планетата Земја. Магнетната руда која се појавува во природата настанува од лавата која доаѓа од внатрешноста на земјата и од азотот од атмосферата.Оладената лава во себе го чува природниот магнетизам од земјата и со него успешно се лекувале предхристијанските култури (египетската, кинеската, еврејската).

Старите народи ги познавале благотворните дејства на магнетите кој ги користеле со цел да го продолжат животниот век, да ја зачуваат младоста и виталноста. 

Египетската кралица Клеопатра носела магнетен накит со цел да ја зачува својата младост и убавина, но и египетските списи зборуваат за користење на магнетите при спречување на крварењето. Во Кинескиот ,,Земјоделски прирачник за корисноста на растенијата” кој потекнува од династијата Хан (200 г.п.н.е) постојат записи како магнетите можат да користат за намалување на отоците околу зглобовите. Исто така во т.н. ,,Кинески прирачник по интерна медицина” опишана е употребата на магнетните камења во терапевтски и во превентивни цели.

Накит

Римскиот историчар Плиниј (23-89) забележал дека магнетите во негово време се употребувале за лекување на очни болести. Персискиот физичар Авицена (980-1037) ги користел магнетите за лекување на депресијата. Исто така се смета дека англиската кралица Елизабета (1533-1603) ги користела магнетите да ја подобри својата здравствена состојба по препорака на својот дворски лекар Вилијам Џилберт.

Швајцарскиот алхемичар и физичар Парацелзус, сметал дека магнетот е крал на сите тајни и со помош на магнетите лекувал разни воспаленија, отоци, како и внатрешни и надворешни заболувања. Австрискиот лекар, Франц Антон Месмер (1734-1815), успешно лекувал голем број на заболувања во Виена, а подоцна и во Париз. Тој сметал дека невидлив флуид во човечкото тело се однесува според законите на магнетизмот и дека болеста доаѓа кога течноста не може нормално да циркулира. Ова тврдење научно е докажано од добитникот на Нобеловата награда по хемија (1964), Лајнус Полинг, со тврдењето дека хемоглобинот во крвта поседува магнетни особини.